Жаклина Беридо Пизано, најсекси баба на Instagram

0

Жаклина Беридо Пизано е 48 годишна модна блогерка, позната како @realfashionist на социјалната мрежа Instagram, каде ја следат повеќе од 403.000 луѓе.

На прв поглед се забележува дека инвестира многу во својот изглед и луксузна гардероба. Таа служи како инспирација за многу жени во светот, па и многу помлади од неа.

Со потекло од Белград, Србија, за неа пред извесно време пишуваше и Дејли Меил. Подоцна, се преселила во Италија поради љубовта кон нејзиниот сопруг кого го нарекува “Mr.Perfect”.

Мајка и баба, жена за која како да запрело времето.

Нејзините објави често може да ги најдеме под хаштагот #grandmotherthatlovesfashion, каде се појавува во различни модерни аутфити. Згодна и сензуална, таа изгледа како модел и го руши стереотипот за тоа како треба да изгледа една баба во модерно општество.

За себе вели: “Јас сум баба пред се. Семејството е мојот живот. Јас ги научив како да пливаат, да возат велосипед и постојано им велам, ако тргне нешто погрешно, секогаш побарај ја својата баба. Да се биде баба е нешто што ме прави горда на својот живот“.

На прашањето како да одржува својата линија, таа вели дека јаде многу овошје и пие вода…Дневно задолжително јаде авокадо, не пуши и не пие алкохол воопшто. Обожава морска храна, риба, месо и зеленчук. Дневно вежба од 10 до 45 минути, бидејќи тоа е неопходно во комбинација со правилна исхрана.

Нејзиното мото е да ги мотивира и инспирира жените да ја пробудат во себе својата дива страна.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.