Зајакнете го имунитетот кај децата – како да ја поминат училишната година без вируси и настинки

0

Постојана настинка, вируси и растечен нос. Звучи познато?

Сигурно голем дел од родителите веќе си го препознаваат честото секојдневие, односно стандардните проблеми кои се јавуваат кај децата кои одат во градинка или на училиште.

Јакиот имунитет помага во избегнување на овие здравствени проблеми, а има неколку работи кои ако ги практикувате ќе помогнат во спречување на нови настинки и ширење на вируси.

Здрава исхрана

Се почнува со здрава исхрана и сигурно не сте изненадено. Детскиот имунолошки систем може да функционира отежнато ако постојано се оптоварува со храна која е преполна со адитиви, конзерванси и шеќери, бидејќи со таквата исхрана се намалува одбранбениот систем.

Многу клинички студии покажаа дека шеќерот всушност го намалува дејството на имунолошкиот систем. За да останат децата здрави, ограничете го вкупното внесување на овие состојки. Внесете повеќе свежо овошје и зеленчук, семки, јаткасти и мешункансти плодови, јајца  и месо.

Одржувајте ја здрава цревната флора

Пробиотиците се корисни бактерии кои живеат во нашите црева. Тие го штитат дигестивниот систем, помагаат во варењето на храната и лачат токсини со кои го штитат организмот од бактерии и вируси. Кога таа рамнотежа ќе се поремети, паѓа способноста на имунолошкиот систем на детето и не може да се одбрани од инфекции.

Смирете го нивниот стрес и анксиозност

Во денешно време кога сè е со забрзано темпо, родителите се под голем стрес, а распоредот на децата пренатрупан, тоа доведува со ситуација во која секој страда. Детското тело реагира на истиот начин на стрес како и возрасното, порастот на нивото на кортизол и адренaлан го зема данокот на здравјето. Ако ова ниво се задржи подолго време, го намалува имунитетот.

Затоа, од голема важност е децата да имаат слободно време за себе и за креативна игра, со многу време за одмор, нивното тело има потреба од пауза.

Бидете сигурни дека имаат доволно квалитетен сон

Повеќето деца не ја добиваат потребната количина сон. Тие треба да спијат помеѓу 10 и 14 часа дневно, За правилно лачење на мелатонинот (хормонот на спиење), тие треба да спијат во мрак. Исто така, докажано е дека електомагнетните фреквенции влијаат на квалитетот на сонот, затоа исклучете ги сите електрични уреди во детската соба или уште подобро, чувајте ги во друга просторија.

Сетете се дека високата температура помага во борбата против инфекцијата

Иако многу родители ги фаќа паника на првиот знак на зголемена температура, важно е да се запамети дека тоа е само симптом, а не болест. На тој начин телото се бори против инфекцијата на ефикасен начин. Но, доколку предолго трае, во тој случај нешто друго е во прашање, веднаш посетете лекар.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот