Задржете го личниот стил и на работното место

0

Правилата во поглед на облеката која би требало да ја носите на работното  место се сменети!

„Иако се уште е потребно да носите костум во некои поконзервативни индустрии, постојат неколку отстапки кои можете да си ги дозволите“ – велат модните експерти од познатите светски списанија. Но, треба да знаете колку далеку можете да одите. На пример, за мажите секако е несоодветно да носат кратки панталони или спортска блуза на работа. Тоа е во ред само доколку сте Марк Цукерберг.

Се поставува прашањето како да го задржите својот личен стил, а сепак да делувате професионално?

Генерално, луѓето кои се вработени во финансискиот сектор се облекуваат поконзервативно од луѓето кои работат во креативните индустрии. Тоа се покажало како многу точно досега. Нормално, не можете да погрешите доколку облечете костум, но тоа можеби е премногу за вашето работно место.

Комбинацијата на дрес-кодовите е резултат на зголемената свесност за менталното и физичкото здравје кај луѓето и тоа создава работни места на кои не е вообичаено да ги видите луѓето во порелаксирана облека.

Модните советници велат дека треба да се облекувате колку што можете подобро бидејќи тоа ве претставува во подобро светло. Тоа особено е важно за жените кои мораат да се облекуваат поконзервативно затоа што така подобро ќе се изразат. Затоа, посветете си внимание на себе си и зграбете го она што ве прави посебни. Ова повеќе не е свет на пантолони и костуми.

За овие промени можеме да им заблагодариме на моќните жени кои се наоѓаат на високи позиции.

Сè уште неприфатливо е, а и тешко веројатно дека некогаш ќе се смени правилото дека разголувањето во пределот на градите го одзема вниманието од онаму каде што треба да биде насочено и затоа е недозволиво на работното место.

dres-kod-rabota (1)

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот