Зачувајте ја околината чиста додека се разубавувате

0

Одредени навики кои ги имате за нега на вашето лице и тело и амбалажите од некои козметички продукти можат да ја загадат околината. Затоа, секогаш внимавајте што купувате и променете некои навики…

Исфрлете ги од употреба дезодорансите во форма на спреј. Нивните амбалажи се направени од неразградливи материјали кои и штетат на околината и никогаш не може да ги искористите целосно. Наместо тоа одберете дезодоранс во форма на крем.

Некои пилнзи за лице, особено оние поевтините содржат пластични микро гранули кои може да го загадат одводот. Но, и за тоа има решение. Мобилната апликација “Beat the Micro Bead” скенира одреден пилинг и ве информира дали тој е добар за вашата кожа и за вашите цевки за вода.

Селфи фотките од кадa се апсолутно тренди. Сите селебрити жени, од Џенифер Лопез па до Мајли Сајрус ги постираат нон-стоп. Во еколошки контекст, капењето е сосем оправдано затоа што се троши помалку вода за разлика од туширањето. Затоа, мобилниот и директно в када.

Не ги фрлајте стаклените и пластичните кутии од козметичките производи. Може да ги употребите како свеќници, чаши за молици, кутии за ситен накит и да ја заштитите околината. Амбалажата која е реупотреблива пак, секогаш фрлајте во корпи за рекиклирање.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот