Зачувајте го сексуалниот живот и во брак

0

Брачниот живот е често причина за промена на правецот на врската, особено на поле – емоции и секс.

Се повеќе парови признаваат дека добриот и редовен секс во брачните води веќе не е како порано, станува реткост или пак се менува.

Стручните лица велат дека вината лежи подеднакво и кај двајцата партнери и дека само заедно, на најдобрар начин можат да го решат овој проблем.

Како да го зачувате добриот секс во бракот?

Кога врската станува „заедница“- фамилија, тоа е веќе редефиниција на сексуалните односи помеѓу партнерите- од Јас и Ти, стануваме- Ние.
Додека се во фаза на забава, да речеме дечко и девојка, партнерите не чувствуваат обврска и се доживуваат релативно слободни еден кон друг – кога им одговара се гледаат, кога се расположени зборуваат. Иако, би требало да се води сметка дека секој пар, секоја личност е различна и се карактеризра со уникатно однесување кое подоцна може поинаку да влијае на врската.

Новата етапа на врската е брачниот живот. Кога настапува оваа етапа најважни помеѓу партнерите се следните 3 елементи: секс, близина и посветеност.

На почеток на секоја врска партнерите чувствуваат сексуална привлечност и имаат потреба да работат на блискоста, а посветеноста се развива со текот на време како трет елемент.
Со брачниот живот посветеноста почнува да преовалдува, а сексот да добива споредна улога и друго значење.

Кога велиме посветеност треба да се знае дека станува збор за момент кога може да се потпреме на партнерот и кога сме во криза, под стрес или имаме чувство на незадоволство…
„ Сметај на мене“- е оној вид на посветеност која во фамилијата ја нудиме на постарите, болните или децата…

За блискоста, метафора е она што го делиме со најдобрите пријатели кои ни се „сродни души“, додека сексот претставува нешто друго.

Често се вели дека за жената најсилен афродизијак е односот – комуникацијата што мажот и ја нуди, а најзаводлив е начинот на кој тој размислува – не анатомијата.

Најголема потреба жената има од прегратка, додека за мажите доказ е блискоста и сексуалниот однос во комбинација со посветеноста.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар