Зачинете го сексуалниот живот

0

Денеска речиси и да нема човек кој ќе одолее на пораките со сексуална содржина, кои се составен дел од секоја врска. Но, постојат неколку правила кои би требало да се почитуваат кога праќате пораки и работи никако не смеете да ги напишете.

Препуштете се на имагинацијата

Предноста на секси допишувањето е во тоа што не доаѓа во комуникација во четири очи, па можете да бидете отворени целосно и да ги кажете вашите скриени желби. Освен тоа, секси пораките треба да се доживуваат со лежерен тон и конотација, така што ниту вие, ниту партнерот не треба да ги сфаќате премногу сериозно. Пуштете ја имагинацијата да работи, забавувајте и уживајте.

Бидете суптилни, не премногу дирекни

Партнерот сигурно ќе ве инспирира да му испратите порака со палава содржина и сексулана конотација секако, но гледајте да биде дозирано и со вкус. Играјте си со зборовите и праќајте двосмислени пораки.

Користете ги секси пораките за одржување на страста

Провокативните пораки се одличен момент за потсетување на интимните моменти во кои двајцата сте уживале и најдобар начин да се создаде сексуална тензија во моментите кога не сте заедно.

Праќајте фотографии

Барем денес е лесно да го визуелизирате целиот интимен момент и да ја зголемите тензијата и фантазијата. Направете селфи додека сте на работа, но сепак нека не се гледа се од делот од телото кој ќе го фотографирате. Да, ризик е ако некој друг случајно ја види пораката, но верувајте, тоа е ризик кој ќе сакате да го преземете.

Не го покажувајте лицето на ниту една фотографија

Луѓето раскинуваат, се може да се случи, а доколку во пораките вие сте го пратиле и вашето лице голема е веројатноста фотографијата да заврши некаде на интернет. Не го сакате тоа, затоа бидете внимателни.

Не се впуштајте во секси чет ако претходно не сте имале секс

Ако вие двајца се уште не сте имале секс, невозможно е да знаете што сака другиот. Тоа е замка кој може да ги зголеми очекувањата, а потоа да донесе разочарување.

Не праќајте експлицитни фотографии од ведро небо

На крај, мора да внимавате и на ова. Можеби партнерот е во гужва, со луѓе и ваква порака може само да го збуни и да го донесе во непријатна ситуација. Почнете го секси допишувањето посуптилно и штом забележите дека враќа, тогаш е подготвен за акција.

Само напред!

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.