Заборавете на градникот, поздраво се живее без него

0

Стручњаците советуваат дека жените е потребно да ја користат секоја прилика да бидат без градник.

Освен релаксираното чувство кога не се носи градник, постојат и конкретни здравствени причини за тоа. Една од нив е фактот дека градникот создава притисок на ситните лимфни садови во градите и околу нив, што може да доведе собирање на токсична течност која инаку си поминува низ целото тело.

Стручните лица велат дека собраната токсична течност во дојките може да биде поврзана со настанување на цисти. Во потешките случаи, според некои истражувања, може да доведе со ризик од губење на дојката, пишува The Earth Child. Таму се вели дека тие откриле како жените во сиромашните земји, кои не носат градници, имаат помал процент на заболување од рак на дојка.

Исто така забележале дека жените носат иста големина на градник и непосредно пред менструалниот циклус – период кога градите отекуваат заради зголеменото ниво на естроген. Во тој случај, заради носењето градник, притисокот на лимфните канали се зголемува . Во тој случај треба да се носи поголем број.

Затоа, ги советуваат жените што помалку да носат градник односно да го соблекуваат кога нема да има потреба од тоа.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.