Заборавете на фудбалерите… тенисерите имаат најубави девојки

0

Додека на фудбалерите им е важно покрај себе да ги имаат најзаносните убавици, најубавите манекенки и жените со најзгодно тело, тенисерите „играат“ малку попаметно.

Освен што покрај себе имаат совршено убави жени, повеќето од нив се исклучително паметни и успешни во тоа што го прават.

Јелена Ѓоковиќ

Сопругата на вториот најдобар тенисер во светот е со него уште од тинејџерските години. Дипломирала на бизнис школата Боколи во Милано. Таа е директор на фондацијата „Ѓоковиќ“ и основач на списанието „Original“. Имаат син Стефан.

Билјана Типсаревиќ

janko-tipsarevic-biljana-tipsarevic-andreja-damnjanovic

Сопругата на српскиот тенисер Јанко Типсаревиќ е модна креаторка. Со тенисерот е десет години, а нивната врска и брак не ги следеле никакви скандали. Имаат ќерка Емили.

Сара Фостер

hbid7mwv

Таа е сопруга на германскиот тенисер Томи Хас. Пред да почне да се занимава со актерство, била манекенка. Најпозната е по улогата во серијата „90210“, продолжението на мега популарната серија „Беверли хилс“. Во брак се шест години и имаат две ќерки.

Никол Шерцингер

2

Популарната пејачка е во врска со бугарскиот тенисер Григор Димитров, кој претходно беше во врска со Марија Шарапова. Никол, пак, беше во врска со Луис Хамилтон и бидејќи таа врска беше бурно следена од медиумите, овој пат врската со тенисерот ја чува подалеку од очите на јавноста.

Бруклин Декер

andy-roddick-brooklyn-decker-baby-boy

Сопругата на тенисерот Енди Родик е позната манекенка која настапувала на ревиите на Викторијас Сикрет, а позирала и за магазинот Sports Illustrated Swimsuit.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.