Заборавете го Џејми Оливер и речете му „здраво“ на Франко Нориега

0

Џејми Оливер веќе не е главна „фаца“ во светот на готвењето. Оваа ласкава титула му ја презеде Франко Нориега.

Овој 27-годишник, по потекло од Перу, стана вистинска атракција на социјалните мрежи и на YouТube откако почна да објавува снимки во кои готви најчесто облечен само во боксерки.

Неговото видео на коешто е прикажано како готви обичен чиа пудинг за само десетина дена го гледале преку 170,000 луѓе.

Згодниот Франко во 2007 година се доселил во Њујорк со намера да студира глума, ама набрзо сфатил дека е подобро да се занимава со манекенство. Пред две години ги споил своите две големи љубови – фотографирањето во долна облека и готвењето.

Има завршено кулинарско училиште и од неодамна поседува ресторан каде што се случат традиционални перуански јадења.

48945787-cached this-model-turned-chef-opened-a-peruvian-restaurant-in-nyc-and-people-love-it gq-franco-noriega-baby-brasa-workout

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.