Заблагодарете им се на поранешните момчиња

0

Крајот на една врска не е лесен. После разделбата следуваат сите оние здодевни прашања од љубопитните луѓе за тоа што се случило… По некое непишано правило, девојките се тие што повеќе се замараат со крајот на една врска, отколку момците.

Но, девојки глава горе! Време е да им кажете „благодарам“ на сите поранешни момчиња. Еве зошто…

Најнапред, тие со причина се поранешни. Можеби сега не ја знаете причината, но верувајте дека ќе ја дознаете по некое време.

Кажете им „благодарам“ за тоа што заминале. Нивното заминување значи дека нема повеќе љубоморни сцени, мачни испрашувања за тоа каде сте биле, зошто баш таму, со кого сте се сретнале во текот на денот, кој што ви рекол, кој е типот што на секој пости ви става „лајк“…

Кажете им „благодарам“ поради тоа што сте побогати за едно искуство, без разлика какво било, што ве направило посилни. И плус за некоја тактика во кревет. 🙂

Заблагодарете им се за убавите моменти. Нека останат тоа што треба да бидат, само убави спомени. Не се обидувајте да ги оживеете. Немојте да бидите ниту злопамтило и години да се присетувате што тој ви направил затоа што омразата само ви ја нагризува душата.

И за крај, кажете им „благодарам“ затоа што сега сте среќни. Затоа што успеавте да заздравите од отровот кој понекогаш ни го нудат врските.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот