За здраво срце, возете велосипед

0

Свесни сме дека физичката активност поволно влијае на нашето здравје. Одредени физички активности можат да бидат од големо значење за нашето здравје и продолжување на животниот век.

Експерти од Европскиот совет за кардиологија, проучувале како возењето на велосипед може да ни помогне да го продолжиме животниот век и да бидеме поздрави. Имено, во обемната студија направена врз двесте велосипедисти е докажано дека лицата кои го преферираат велосипедот пред автомобилот живеат подолго, затоа што оваа физичка активност го чува срцето. Важна улога има и брзината со која се вози. Колку побрзо го возите велосипедот, толку вашиот живот ќе биде подолг.

Mажите кои возат брзо живеат 5 години подолго, додека пак мажите кои возат велосипед со нормална брзина живеат за скоро 3 години подолго од оние кои возат бавно. За женските велосипедисти студијата покажала дека оние кои возат брзо живеат скоро 4 години подолго од оние кои возат бавно, а оние кои возат нормално 2 години повеќе од нив.

Според европските кардиолози, возењето на велосипед со силен интензитет е одлична заштита од кардиоваскуларни болести и начин како вашето срце да биде здраво и да функционира нормално и во поодминатите години од животот.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот