За што се е корисно маслото од лаванда

0

Сигурно досега сте слушнале за придобивките на маслото од лаванда.

Децении наназад лавандата се користи како во козметиката така и за медицински цели. Покрај тоа, таа има и антибактериско, антигабично и антидепресивно дејство. Честопати се користела во борба против несоницата, но и како решение за проблеми со желудникот.

Ова се предностите на маслото од лаванда:

  1. Смирувачко дејство

Научната студија докажала дека редовното користење на маслото од лаванда во времетраење од 6-10 недели, помага во спречување на несоницата и е од голема корист во борба против нервозата, депресијата и немирот.

  1. Ја смирува главоболката

Неколлку научни студии покажале дека маслото од лаванда може да ја смири силната болка од мигрена. Дури 71% од пациентите кои патат од мигрена изјавиле дека со инхалација на маслото значајно им се намалиле болките од мигрена, а кај некои пак целосно исчезнале.

  1. Го спречува губитокот на коса

Доколку го помешате маслото од лаванда со некое друго масло на пр. кокосово масло или пак маслиново масло, можете да го зголемите растот на косата дури до 44%. Се што треба да направите е да измешате две капки масло од лаванда со лажица кокосово малсо и да ја нанесете смесата на темето. Оставете да дејствува неколку минути, а потоа исплакнете.

  1. За зараснување на раните

На раната нанесете 2 капки масло од лаванда, со тоа ќе го намалите отокот и ќе потикнете побрзо зараснување. Не го применувајте овој совет доколку крварите и имате отворена рана.

  1. Природен аналгетик

Некои жени после породувањето во комбинација со стандардните аналгетици го инхалирале и маслото од лаванда кое им помогнало против породилните болки.

  1. Како да се опуштите со масло од лаванда

Еден од најдобрите начини за опуштање е да ја наполните кадата со вода и да додадете 6 капки од маслото. Со помош на испарување на маслото ќе се опуштите и ќе исчезнат болките.

Истото можете да го направите и со инхалација. Прелијте со жешка вода две супени лажици суви цветови од лаванда и инхлаирајте се неколку минути.

Но убедливо највкусен начин да го користите маслото од лаванда е да направите лимонада. Со овој напиток ја спречувате нервозата, депресијата и вознемиреноста.

Потребни состојки: ¾ шолја мед; 7 шолји врела вода; 1 капка масло од лаванда; и 4 исцедени лимони.

Припрема: Растoпeте го медот во топла вода, додајте го сокот од лимон и маслото од лаванда. Пијалокот ставете го во фрижидер да се олади. Ако има потреба исцедете пред да послужите и додадете лед. Со овој освежителен напиток ќе го освежите целото тело.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот