За сите оние на кои не им се падна паричката!

    0

    Вртења лепчиња, внесување екстра количина јаглехидрати и полни тајмалајни со парички… или со други зборови: среќни празници! Овие денови се чини како да не постои некој кому не му се паднала паричката (ок или да кажал да”). Сочувствувајќи со сите оние кои немаа толку среќа за празниците, Топ Шоп реши да ви даде една последна шанса за да се почувствувате среќни.

    Вртиме наша виртуелна Бадникова погача!
    Оваа специјална погача е полна со попусти во секое парче, ваше е само да кликнете и да почекате за да видите кој ваучер со попуст ќе ви се падне вам. Бидејќи и меѓу среќните има помалку и повеќе среќни, ние сокривме 100 подароци за 100те најсреќни некаде во нашата погача. Можеби најубавото од сево ова е тоа што овој попуст можете лесно да го искористите уште веднаш за интернет нарачка.


    Не мора ни да станете од кревет: вртиме вртуелно, сечеме виртуелно, нарачуваме производ со попуст на интернет и го добиваме директно пред влезната врата за само неколку дена.
    Се чувствувате веќе малку посреќно?

    Не чекајте некој да сврти пред вас и да ви го земе пред нос омилениот производ, среќата ги прати брзитеклик тука. Погачата полека се дотрошува и трае само до 15ти јануари!