За сите гурмани…

0

Февруари е месец на два празника, едниот е Денот на виното – Свети Трифун, а другиот  Свети Валентин. Но, тоа се само два дена за славење во еден месец.

Што ако имате можност да славите секој ден? Тоа значи да имате вкусна храна пред вас, да уживате во пријатна атмосфера и одлична услуга – секој ден!

Во име на тоа, ресторанот Електра Гарден – Winter Loudge во Брвеница, реши на своите ценети гости да им даде можност да го пробаат секое вкусно јадење кое се наоѓа на нивното мени во текот на овој месец и тоа со 15% пониска цена.

Овде имате можност да почувствувате  комфорт, топлина, одлична услуга и храна, која ќе направи да се вратите уште неколку пати.

Ајде да уживаме во вкусот на специјално подготвена храна по највисоки стандарди.

Музичката агенда во текот на Гурманскиот месец ќе биде разновидна, а вие резервирајте го вашето место сега и дозволете си комплетно уживање во атмосферата на месец февруари.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.