За што разговараат мажите со своите пријатели?

0

Една жена секогаш знае за што зборуваат останатите жени. Но, што е со мажите? Додека ние разговараме за шопинг, проблемите дома, во врската и на работа, си делиме совети за мажи, здравје и убавина, за што разговараат мажите?

Мажите разговараат за секс со пријателите. Тоа е факт и со тоа мора да се помирите. Доколку се разботи за секс за една вечер, маж со сигурност ќе ги изнесе сите детали пред другарите за да се пофали, но најверојатно ќе ги премолчи валканите детали доколку е во сериозна врска или среќно оженет.

Разговараат за пари и плата. За стандардот и за сметките кои треба да се платат. За скапите работи кои можат да си ги дозволат. Едноставно, мубаетот за пари и тоа колку добро заработуваат им го билда егото.

Мажите зборуваат за спорт и за сите натпревари на кои би требало да се обложат. Да, и можат со часови да зборуваат за глупавиот потег на некој фудбалер.

И немојте да мислите дека мажите не озборуваат. Има мажи кои озборуваат и повеќе од жени. Коментираат за други мажи на кои им се љубоморни и озборуваат жени кои не можат да ги имаат.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот