За се постои причина и за секоја цел под небото постои време – крал Соломон

0

“Златен прстен во свињарник е исто што и убава жена без малку дискреција“, сметал крал Соломон.

Кралот на Издраел, легендарниот Соломон, својот народ го довел до најголем просперитет и богатство. Неговото име станало синоним за мудрост.

Некои од неговите мудрости и цитати ги споменуваме во секојдневниот живот.

  1. За се постои причина и за секоја цел под небото постои време. Време да се роди и време да се умре, време да се сруши и време да се изгради, време да се фрли каменот и време да се подигне каменот. Време да се молчи, и време да се зборува.
  2. Дури и будалите се сметаат за мудри кога молчат.
  3. Подобро да имате пријател отколку да бидете сами. Ако паднете, вашиот пријател може да ви помогне. Но, ако паднете без пријател во близина, навистина сте во неволја.
  4. Подобро е да се биде имун на лутината отколку да се биде моќен, подобро е да се управува со сопствениот дух отколку со целиот град.
  5. Златен прстен во свињарник е исто што и убава жена без малку дискреција.
  6. Прво се учи понизност, потоа се искусува славата.
  7. Мудроста е главната работа, затоа бидете мудри и за се што ќе дојде покажете разбирање.
  8. Гневот е суров, лутината е огромна, но кој може да поднесе љубомора?
  9. Омразата предизвикува кавга, но љубовта ги покрива сите престапи.
  10. Подобро е да не веруваш, отколку да ветиш и да не исполниш.
  11. И така видов дека за човек не постои ништо подобро отколку да го сака она што го прави, затоа што работа има многу. Така може да види што ќе остане после него…
  12. За оние кои се поврзани со животот, има надеж.
  13. Живејте во хармонија, бидете она што сте.
  14. Среќниот ги менува другите. Несреќните остануваат робови, бидејќи среќата сака слобода. Радоста е таму каде е слободата.
  15. Живејте едноставно. Не наштетувајте никому. Не завидувајте. Променете го минатото, заборавајќи го. Наполнете го телото со љубов. Каде е љубовта, таму е Бог.

 

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.