За подобра комуникација: зборови кои се забранети

0

Кога зборувате, некои зборови сигурно ги употребувате често и тоа го правите несвесно. Токму тие зборови ја менуваат вредноста на речениците кои ги кажувате. Затоа, обрнете повеќе внимание на зборовите кои ги употребувате во секојдневниот говор. За подобра комуникација, следниве фрази тргнете ги од употреба.

„Само кога би…“

Дали често ги започнувате речениците вака? Веднаш престанете! Тоа зборува дека не сте благодарни за она што го имате или немате доволно храброст за промени.

„Всушност…“

Избегнувајте да ги започнувате речениците со овој збор, особено во деловната средина, бидејќи изгледате несигурно.

„Жал ми е“

Изговарајте ја оваа фраза кога навистина е потребна. Во спротивен случај ќе изгледате вештачки.

„Јас не можам…“

Што е тоа што не можете да го направите? За се постои начин. Потрудете се да звучите самоуверено.

„Јас и јас“

Немојте сите реченици да ги започнувате со зборот „јас“. Не е важно секогаш да сте на прво место. Некогаш, соговорникот е побитен отколку вас и вашето его.

Пцовки

Потрудете се да ги елиминирате во целост од вашиот речник. Културните луѓе никогаш не ги употребуваат, особено не пред пријатели и колеги.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар