За паровите кои ретко се расправаат

0

Сигурно познавате барем еден пар кој функционира добро, секогаш се расположени, ретко се расправаат, па започнувате да се прашувате што не е во ред со вашата врска, лудо се сакате, а нон-стоп се расправате. Факт е дека една врска не се гради само поради тоа што постои хемија и мора да вложите нешто плус. Еве зошто постојат парови кои ретко се расправаат.

Тие си се приоритет еден на друг

Да имате кариера е супер, но да поставите баланс помеѓу времето поминато работејќи и времето кое ќе му го посветите на вашиот партнер е уште посупер. Среќните двојки знаат дека времето поминато со партнерот е важно. Дури и да станува збор за час-два дневно, поминете го тоа време давајќи му приоритет на партнерот пред работата, мејловите, службениот телефон…

parovi (2)

Си даваат комплименти

Паровите кои сакаат нивната врска да успее, знаат колку е важно давањето на комплименти. Тие секојдневно си кажуваат по некој убав збор со што автоматски се намалува стресот во нашето тело, па така мали се шансите дека во текот ќе дојде до расправија за нешто сосема неважно.

Си простуваат често

Не е важно како настанал проблемот, кој бил виновен… Среќните парови се трудат да го најдат решението, не си ја префрлуваат вината еден на друг, си простуваат и си легнуваат со спокојно срце, среќни што нивната врска продолжува да живее.

parovi

Имаат физичка блискост

Во една врска сексот можеби не е се, но е многу важен. Едно американско истражување од минатата година спроведено на десетици парови покажа дека партнерите кои имаат повеќе секс, помалку се расправаат. Доколку сте уморни за акција низ постелата, добредојдена е прегратка, страсен бакнеж, држење за рака додека гледате телевизија…

Комуницираат

Паровите кои се борат да опстанат заедно, разговараат. Тие не држат лутина со часови, а камоли со денови. Едноставно, разговараат за проблемите кои се појавуваат, искрени се, признаваат како навистина се чувствуваат, ги менуваат нештата кои се важни за врската да биде комплетна.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот