За луѓето со истенчен вкус за пиво: Крафтер во Белград

0

Океј, коктелите се тотално ин, ама во овој преоден есенски период, кога сме некаде помеѓу коктели и црвено вино, одберете го пивото. А бидејќи сме и понатаму во Белград, пивото го пиеме во еден од најновите и најмодерни beer барови во градот, „Крафтер“.

nrm_1417530880-messy-man

„Крафтер“ е далеку од класична пивница каде што ќе видите чичковци со големи пивски стомаци и кригла пиво во раката. Токму спротивното. Седејќи во „Крафтер“ ќе уживате во глетката на секогаш дотераните белграѓани, посебно во оние што имаат истенчен вкус за пиво.

Ако не знаете што да одберете од понудата на многуте белгиски, чешки, германски, домашни пива, побарајте препорака од вработените. Тие знаат сè за пивото што го служат, па и по некоја интересна приказна за неговата историја. Сакате точено пиво? Или во шише? Темно или светло? Со малку или со многу алкохол? Сакате пиво со овошен вкус? И тоа ќе најдете во нивниот пивски подрум.

lfl3
А кога ќе ви го послужат пивото со убава чаша што одговара токму на тој течен деликатес, ќе ви донесат и кикирики за занимација, бидејќи пиво без кикирики е исто што и мартини без маслинка. Потоа можете да се „увалите“ удобно пред телевизорот и да гледате фудбал со пријателите (или некој друг спорт што е актуелен во моментот). Да се разбереме, пивниците се место за дружење, ама дружење без многу муабет, туку со повеќе спорт.

14484643_335480886802302_3863962448904365719_n

Епа, кога ќе посакате такво опуштање во градот што живее 24 часа, знаете каде треба да одите.

П.С. Јас се решив за белгиско црно пиво со афтертејст на мед. Совршено!

 

Подготви: Андријана Јовановска

 

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот