За љубителите на ретро патики: Timberland го преставува моделот Brooklyn

0

Оваа сезона, Timberland го претставува Brooklyn, модел инспириран од ретро стилот како потсетување на автентичната ДНК на брендот.

Направени за вљубениците во 90-тите, патиките Brooklyn се уште едно дополнување во палетата на брендот, производ наменет за авантури на отворено, без разлика дали сте во градот или надвор од него. Патиките се направени од комбинирани материјали со гумен ѓон кој ја инкорпорира Aerocoreтехнологијата, Brooklyn е одличен сојузник за секоја урбана авантура.

Колекцијата на облека за пролет/лето 2019 е создадена за различните потреби на купувачите. Од класични и добро препознатливи до модерни парчиња, оваа сезона ги инспирира мажите да бидат активни и во движење.

Освен функционалноста, парчињата на Timberland се познати по иновативноста и дизајнот, употребата на лесни и водоотпорни материјали како и практични детали и додатоци.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар