За историјата на музиката

0

Една од најубавите уметности кои ги уживаме денес е музиката. Ја слушаме во секоја форма и во различни жанрови. Но, како всушност настанала?

Тоа е уметност која се состои од звуци и тишина. Музиката му претходи на пишаниот збор и е тесно поврзана со уникатноста на човековата култура. Развојот на музиката помеѓу луѓето се случува наспроти позадината на природните звуци како што се песните на птиците и звуците на другите животни. Праисториската музика или примитивната музика е поим кој се дава на сите музички форми кои настанале пред писменоста на културите.

Најраните записи на музичко изразување се наоѓаат во Сама Веда во Индија. Кинеската традиционална музика е стара повеќе од 3.000 години. Музиката била и важен дел од општествениот живот во Античка Грција. кадешто таа се користела за прослави, забави и во религиозни церемонии.

Најпозната форма од средновековиот период е литургиската музика на Римската Католичка Црква. Голем број на школи за изучување на овој тип на музика постоеле во перодот по 1100 година.

Првите опери се напишани околу 1600 година со подигањето на музичките композиции кои го дефинираат крајот на Ренесансата и почетокот на Барокната ера која трае до 1750 година. Германските баркони композитори пишувале кратки дела кои се изведувале најчесто на жичани и дрвени инструменти, хорови, оргули, клавикорди.

Музиката класичниот период се карактеризира со хомофонична текстура, овие нови форми тежат кон пеењето.

Музиката на современото општество доживува револуција во 20 век. Со пронаоѓањето на радиото, таа добива на широка популарност, и нови технологии за снимање и репородукција се развиваат. Во 20 век, таа се карактеризира со нова слобода, широко експериментирање и нови музички стилови и правци.

Музиката пак во дигиталната ера ја има насекаде. Пристапот е лесен брзо и едносавен, само со еден клик. Музиката е оној дел о животот без кој не можеме да живееме. Дури некои истражувања потврдуваат дека има благотворно влијание на здравјето оти го активира хормонот на среќа.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.