За добро расположение на работа

0

Без оглед колку и да ја сакате својата работа, работното место е исполнето со многу стрес. Во повеќето приватни фирми работно време речиси и не постои, работа има премногу, а време да се заврши сѐ – премалку. И како резултат на тоа луѓето се чувствуваат нервозно и не се секогаш многу љубезни кон останатите, а шефот е најнервозен од сите…

И сево ова ни е многу добро познато, а сепак не е добра идејата само да се помириме со тоа, бидејќи на работа поминуваме осум часа дневно и тоа најмалку пет дена во неделата – ако поголемиот дел од тоа време го поминете под стрес и во лошо расположение, каде ќе ве одведе тоа? Секако не во здрав живот.

wine

Затоа, еве неколку мали трикчиња со кои можете да го поправите и своето и расположението на луѓето околу вас, и плус да ја зголемите својата ефикасност на работа (а тоа дополнително ќе им го зголеми расположението на останатите – колку работите се одвиваат подобро, толку луѓето се порасположени).

Главно правило за поправање на расположението е – бидете љубезни со сите. Покажате интерес за луѓето околу себе – упатете ѝ на колешката комплимент, или љубезно прашајте ја како си поминала за време на викендот, или на паузата заедно испијте го кафето. Секако, оваа тактика веројатно и не е толку препорачлива за оние за кои знаете дека се премногу зборливи, па ако отидете на пауза нема да сопрат со зборување. Но ако сте затрупани со работа, веројатно никој нема да има време да ве заморува со детали од својот живот, а сепак ќе им годи вашето внимание.

Многу е важно, без оглед на тоа колку сте изморена, да се трудите да зборувате разбирливо (кога се многу изморени, луѓето најчесто мрморат без притоа да бидат свесни за тоа). Тоа е особено важно во разговорот со деловните партнери: некои експерти препорачуваат кога зборувате на телефон со деловните партнери да станете и да се движите додека зборувате, бидејќи така ќе звучите подинамично и поенергично.

cszuam2xyaaxu4l

Не озборувајте! Озборувањето е омилено хоби на многумина, но на работа може да создаде огромна количина негативна енергија. Тоа само ќе ги направи понервозни и пораздразливи вашите колеги и колешки, што уште повеќе ја уништува атмосферата на работното место.

Затоа, веќе од утре, вооружете се со нова свежа насмевка и зачекорете во канцеларијата… 

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар