За да јадете во овие ресторани вреди да купите дури и авионски билет

0

Знаете дека во некои ресторани, едноставно мора да отидете, колку и да е скапа храната во нив. Некои животни задоволства вреди да се платат, дури и тоа да значи дека треба да купите авионска карта, да резервирате хотел и да отидете неколку илјади километри далеку од дома. Ова се рестораните што се на најновата „мора да се посетат“ листа.

01-la-grande-maison-international-restuarants

La Grande Maison, Бордо, Франција

Храната на Јоел Робушон е легендарна меѓу француските готвачи и љубители на добриот залак. Токму затоа новиот хотел и ресторан La Grande Maison не разочарува. Уреден е во стилот на Наполеон III и тоа го прави исклучително впечатлив.

contraste milan

Contraste, Милано, Италија

Отворен минатиот месец, Contraste Е дестинацијата за добра храна. Има 40 маси, уреден е во минималистички стил, а менито е испишано на огледала. Пред да почне да готви за гостите, шефот на кујната излегува да поразговара со нив и подготвува храна според нивниот личен вкус.

chicha

Chicha, Москва

Перуанска храна во Москва? А зошто да не? Ова е најверојатно еден од најдобрите ресторани со латиноамериканска храна, кој, покрај сè не е ни во Латинска Америка. Ентериерот е модерен и привлечен, а менито богато.

05-bennelong-sydney-best-international-restaurants

Bennelong, Сиднеј

Најоддалечениот од сите, овој ресторан се наоѓа во внатрешноста на Сиднејската опера, а оттаму се пружа прекрасен поглед на градот. Се служи локална храна, но и интернационални специјалитети. Единствено, имајте на ум дека со авионската карта ќе мора да си резервирате и термин во ресторанот, бидејќи листата на чекање е долга.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.