White and gold birthday party  – Park Golden Beach

0

Најважниот ден во годината е роденденот. Тоа е моментот кога почнува сè, кога се креира нешто ново и убаво. А кога се слави овој ден, тогаш се мора да биде совршено и без грешка, во друштво на пријатели.

Токму на таков важен настан сте поканети сите вие!

Park Golden Beach слави голем роденден на 28 јули, четврток . Дрес кодот е во златно бела боја, а почетокот е закажан за 22 часот.

Добро познатите Dj Face и Dj Gec ќе се погрижат да имате незаборавна журка до раните утрински часови.

13823524_10154289578476192_580265036_n (1)__1469101190_31.11.64.168

Но, забавата нема да заврши тука!

Во петок, на 29 јули продолжуваме во истиот ритам со Heineken Party. Жешко лето со уште пожешка атмосфера за која ќе се погрижи Dj Milana, девојката која секогаш пушта музика во топлес издание. Настап кој дефинитивно ќе ја разгори атмосферата.

Почетокот е во 22 часот, а со вашето присуство станувате потенцијален добитник на гратис влезници за Green Beach Festival.

Некои настани едностaвно не смеете да ги пропуштите! Park Golden Beach…Ве очекуваме!

Информации и резервации на 075 799 935.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.