Вуди Харелсон ќе се обиде да го направи невозможното

0

Популарниот холивудски актер утре ќе се обиде да постави нови стандарди во светот на филмот. Всушност, Харелсон ќе го снима филмот „Изгубен во Лондон – во живо“ (Lost in London LIVE) и додека трае самото снимање, филмот во живо ќе се прикажува во 550 кино сали во Америка.

„Приказната е базирана на една реална ноќ од мојот живот, којашто навистина ја преживеав во Лондон, кога бев уапсен и на неа се сеќавам како на една од најнеубавите во мојот живот,“ изјави Харелсон.

Актерот вели дека работата не е воопшто лесна. Иако има сценарио за оваа драма/комедија, целиот филм во траење од околу два часа треба да се сними одеднаш, во еден кадар, и тоа без никаква грешка.

Околу сценариото на филмот му помогнал неговиот пријател, актерот Овен Вилсон, кој исто така глуми во филмот, а покрај нив улога има и Вили Нелсон.

Инаку, првиот филм на Хичкок во боја е „Конец“ од 1948 година и тој е монтиран да делува како да е целиот направен во еден кадар. Унгарскиот режисер Бела Тар триесет години подоцна го снимил „Магбет во еден кадар“, но Харелсон сака да оди еден чекор понатаму.

„Ме прашуваат дали по ова сите во Холивуд ќе почнат да снимаат филмови на овој начин. Ако ме прашаат мене – НЕ! Ова е исклучително напорна работа. Да помислив дека ќе биде волку тешко, најверојатно нема ни да започнам.“

Дали сепак ќе успее, останува да видиме за околу 24 часа, по снимањето/прикажувањето на филмот во живо.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот