Втор компакт-диск на Симон Трпчевски

0

Нашиот познат пијано виртуоз го објави својот втор компакт диск кој е во издание на „Вигмор Хол“ од Англија. „Вигмор“ салата во Лондон е прва концертна сала за кладична музика во светот што има своја сопствена ЦД-етикета.

Трпчевски истакнува дека цд-то и го посветува на мајка си поради „уникатната неисцрпна енергија која на семејството му служела како водилка за сите предизвици во животот“.

По настапот во Мадрид, нашиот пијанист го очекуват настапи во Пул и Портсмут во Велика Британија, каде ќе го изведе концертот за пијано и оркестар број 5 „Императорки“ од Бетовен.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот