Време е за ручек: салата од зелка, моркови и лешници

0

Додека сме на работа понекогаш здравата исхрана претставува проблем, со оглед на кусото време што го имаме за пауза, или пак воопшто го немаме па мора нешто набрзина да ставиме во устата.

Појадокот пред работното време можеби некако ќе помине или пак попатно ќе застанеме за некое бело пециво и јогурт, но за ручек време со оглед на обрските може и да немаме доволно време.

Во вакви ситуациии се фаќаме за телефонот да порачаме пица, бургери или што ќе ни падне на ум, а ќе биде брзо подготвено. Секоја чест на исклучоците.
Потоа, чекаме 30 минути, а јадеме за 5 минути, а резултатот врз нашето тело и здравје е еднаков на 0.

Денес за време на ручекот ја менуваме оваа навика и споредлуваме брз и едноставен рецепт за нашиот здрав ручек. Покрај тоа, овие состојки може да ги подготвиме од дома и садот да си го понесеме со себе.
На тој начин ќе добиеме економичен, здрав и вкусен ручек.

Потребни состојки:

– 8 листови од зелка;
– 4 моркови рендани;
– 1/4 чаша сецкани урми;
– 1/3 чаша сецкан лук;
– 1/3 чаша сецкани лешници;
– 3 лажици оцет;
– 1 лажица маслиново масло;
– 1/2 лажичка лук во прав;
– сол;
– бибер;

Се што треба да направиме на крај е да ги измешаме сите состојки, и да си допуштиме 20 минути пауза за нашиот здрав ручек.

Секако не сакате да јадете набрзина.

Пријатен Ручек!

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.