Време е за промена на летните со зимски гуми

0

Кога имате автомобил, тоа е како да имате уште еден член на семејството за кој треба еднакво да се грижите како и за другите деца.

Потребно е редовно да биде сервисиран, среден, да се носи на редовни проверки, а два пати годишно има потреба од промена на гумите, летни со зимски и обратно.

Се наоѓаме во период од годината која бара токму таква адаптација на возилото, време е да се променат летните гуми со зимски.

А кога станува збор за промена и балансирање на гуми, не сакате да погрешите, затоа наш предлог се професионалците од станицата за технички преглед ПСС.

slide1

Како изгледа процесот на промена и балансирање на гумите?

Возилото се внесува на сервис, се проверуваат, а воедно се пристапува кон демонтажа на пневматиците.

Потоа се ставаат пневматиците заедно со фелните на машина – демонтерка каде се пристапува кон процесот на одвојување на фелните и пневматиците.

Откако ќе се демонтираат пневматиците се пристапува кон монтирање на другите соодветни гуми, во случајов летни со зимски.

Следниот чекор е преместување на пневматикот со фелната на машината за балансирање – балансерка, каде се врши балансирање на гумата, односно се поставуваат тегови каде се врши нивелирање на пневматикот со фелната.

Ова е постапка која е редовна при промена на гумите.

Но, треба да знаете дека доколку во текот на зимскиот период возите со летни гуми, тоа носи опасност за вас и за останатите учесници во сообраќајот. Зимските гуми имаат значително подобро прилагодување на патот. Составени се од специјална смеса кој има поголема количина на силика која се однесува подобро на ниски температури. Тој состав ја подобрува ефикасноста на сопирањето и го скратува патот на кочењето.

Затоа, не чекајте да заврне снег за да ја направите промената, сторете го тоа сега заради ваша безбедност.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.