Време е за мустаќи – здраво Моември!!!

0

Моември е годишно случување што бара две важни работи од мажите – да пуштат мустаќи и да му посветат поголемо внимание на своето здравје, и една важна работа од жените – да им дадат голема поддршка на своите партнери и на сите мажи што ги познаваат.

Идејата за Моември започнала пред 12 години кога група пријатели од Австралија во неврзан разговор за ретро модата и враќањето на трендовите си поставиле предизвик да израснат мустаќи цел месец, да најдат луѓе кои ќе го спонзорираат нивниот „потфат“ и тие средства да бидат уплатени во фондации и организации што работат на пронаоѓање лек за ракот на простата.

Нивната главна цел била да го сменат начинот на којшто мажите размислуваат за своето здравје. Првата година имале само 450 активисти, а меѓу себе се нарекувале „Mo-Bro“ или „брат мустаклија“ и собрале 54,000 американски долари. Во 2013 во целиот свет 1.9 милиони активисти на Моември собрале преку 147 милиони долари.

Секој кој сака да биде дел од движењето може да се регистрира на официјалниот сајт на Моември movember.com и да си направи кориснички профил на кој се врши донацијата на средствата, директно во фондот на светската организација Movember, а потоа организацијата средствата ги пренасочува за истражување лек за рак на простата, рак на тестиси и за ментално здравје.

ourstory_header_f

Која е всушност целта на Моември?

Подигање на свеста за здравствените ризици со кои се соочуваат мажите.

Поттикнување на мажите да преземат акција и да одат на редовни прегледи
Мажите да водат сметка за физичкото и за менталното здравје на мажите.
Моември во Македонија
Месецот на машкото здравје се одбележува по петти пат и во Македонија. Здружението „Превентус“ во текот на месецот ќе организира активности со кои ќе се погрижат македонските мажи да му посветат поголемо внимание на своето здравје, и тоа не само овој месец, туку во текот на целата година. А до почетокот на активностите, сите членови на здружението веќе почнаа да ги растат своите мустаќи.

 

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар