Време е да почнете да живеете сами

0

Најубаво е во гнездото кое родителите го создале за нас, тоа е реалност која ни одговара до одредена возраст. Но вистината е дека возрасни луѓе имаат потреба да живеат целосно сами, иако во некои моменти тоа не им се чини како добра идеја.

Сите оние ситни расправии со вашите родители ќе станат крупни проблеми со текот на времето односно како вие станувате возрасна личност, така се повеќе ќе ја чувствувате потребата да доминирате во сопствениот простор. Бидете сигурни дека на почетокот откако ќе се преселите ќе ви недостигаат удобностите од вашата мајка, но тоа е целата поента на растењето-да бидете одговорни за себе. Чувството на напуштеност и осаменост кое ќе го имате поминува многу брзо, а вие почнувате да ги сфаќате придобивките од вашата независност.

Ајде да ја замислиме практично ситуацијата кога сте сами:

  • Цел ден можете да го поминете во пижами и никој да не ви рече ништо.
  • Можете да се туширате со отворена врата од бањата.
  • Да се пресоблекувате кај стигнете и да шетате без облека ако тоа ви е по мерак.

LIVING-ALONE

  • Да пиете кафе смирени и сами да уживате во неговиот вкус, размислувајќи за работи важни само за вас.
  • Да готвите храна која вие ја обожавате.
  • Да не готвите воопшто и да јадете нарачана храна во кревет.Ваш кревет ваши правила.
  • Да читате книга каде сакате и кога сакате.
  • Да гледате серија во 2 часот по полноќ оти никому нема да сметате.
  • Да викнете пријатели без оптоварување со временска рамка кога треба да си одат, како да се однесуваат и слично.
  • Да го уредите просторот по ваш вкус.

 

Вистина дека во сета таа слобода ќе имате и тековни обврски кои ќе треба да се завршат како сметки и слично ама тоа е сосема нормално.Ситните поправки во домот во минатото кои не сте ги забележувале и не биле ваша грижа, сега ќе морате. Одржувањето на хигиената во домот исто така е обврска која ќе треба вие да ја завршите. Но без гајле,нема ништо лошо во живеењето сам. Независноста нè гради како луѓе, нè подготвува за животот во иднина и нè прави похрабри, посигурни во одлуките. И знаете што е најубаво? Во првиот момент кога ќе почувствувате потреба да ги видите родителите или некоја драга личност, можете само да им тропнете на врата и да уживате во нивно друштво.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.