Време е да ја вклучиме заштитата против загаденост

0

Грижата за кожата секогаш треба да биде на прво место. Посебно, во месеците кога е студено, кога настанува драстична промена на временските услови.

Кожата е органот на телото кој прв реагира на дразбите на околината. На сонце, на алергии, на секоја промена која му е нова на телото. Преку кожата, ги примаме и честичките кои ги има во воздухот, причина заради која треба да бидеме уште повнимателни во периодот на зголемено загадување на воздухот.

Честопати, сите ние сме во заблуда дека кожата треба да се штити од штетните УВ зраци само во текот на летото, што претставува апсолутен мит, бидејќи потребата од заштита постои во текот на целата година, дури во периодите на облачност.

Азијците се луѓе кои обрнуваат големо внимание на нега на кожата, причина заради која важат за народ со најубава кожа и млад изглед, без разлика на годините. Постапката на чистење на лицето трае кај нив трае многу подолго, од нанесувањето на декоративната козметика. Во просек, користат 9 препарати за нега, од кои само 3 за чистење на лицето.

Брендот Clinique, следејќи ја потребата на луѓето за зголемена грижа и нега на лицето, создаде anti-polution линија која е must have во моментов.

Clinique Dramatically Different Hydrating Jelly Аnti – Pollution e производ кој ја штити кожата на тој начин што ја одбива загаденоста и ја зајакнува хидратантната бариера. Лесно водено желе без масло кое е наменето за сите типови кожа.

Се нанесува наутро и навечер на целото лице и вратот, со едно до две притискања на специјалната вградена пумпа.

Ова е брзо впивлива формула која не се лепи и овозможува самостојно користење или пак може да се аплицира на лицето пред нанесување на пудрата.

Време да ја вклучиме заштитата против загаденост, време е за Clinique Dramatically Different Hydrating Jelly.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.