Вратоврската не е задолжителна!

0

Пред педестина години, мажите имале навика често да носат вратоврска, без разлика на функцијата која ја извршуваат и работата која ја имаат, за да покажат моќ и мажественост.

Имено, вратоврската и денес е симбол за елеганција и машкост иако денес секојдневно ја носат мажите на кои деловниот дрес-код тоа им го налага.

Ќе се согласите дека нема поубава глетка од згоден маж во костум со совршено одбрана вратоврска, но за неа има време и место.

Сите млади момчиња и мажи кои сега го градат својот стил, треба да запомнат дека вратоврската не е задолжителна за сите прилики и да знаат каде и кога да ја носат, за да не изгледаат смешно.

Доколку не е дел од училишната или универзитетската униформа, не носете вратоврски за на училиште или факултет. Нема потреба да додавате години на вашиот изглед.

Вратоврската е одличен избор за свечени настани, како свадби на вашите пријатели, но не и за опуштени прилики, како на пример излегување во викенд со другарите.

Ако дрес-кодот на вашето работно место не налага да носите вратоврска, тогаш избегнувајте ја, особено доколку работите со луѓе. Да, вратоврската може да направи да изгледате сериозно и професионално, но исто така може да ве направи да делувате и недостапно. Но, запомнете, за важните деловни состаноци вратоврската е задолжителна.

Уште една работа што би требало да ја имате на ум е дека на вратоврските кои се направени од светкави и сатенски материјали одамна им помина модата. Исто така и на тенките вратоврски. Избирајте вратоврски кои ќе одговараат на боите на костумоти избегнете вратоврски во нападни бои или премногу шарени ако сакате да оставите впечаток на вистински маж.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот

 

Остави коментар