Вработените даваат отказ заради менаџерите, не заради компанијата

0

Вработените не даваат отказ заради компанијата во која работат, туку заради менаџерите. Можеби звучи како клише, но вистина е. Вработените никогаш не си одат заради компанијата во која работата, туку заради нивниот надреден.

Во 2015 година направено е истражување од страна на Gallup, каде биле испитани повеќе од 7200 возрасни луѓе на оваа тема. Сите рекле дека си заминале заради тоа што сакале да избегаат од менаџерите.

Се поставува прашањето – колку од вработените почнуваат да ја мразат работата заради шефот?

Да се изгуби еден од најдобрите вработени не е финансиски исплатливо. Според резултатите направени од страна на Американскиот Центар за прогрес, трошокот за замена на вработен варира од 16 % во однос на плата за пониските позиции то неверојатни 230% за високите позиции. Дефинитивно, не е секоја промена исплатлива, што покажува дека компанијата мора да направи нова стратегија што се однесува до вработените и да се обиде да го задржи талентот ВНАТРЕ во компанијата.

Менаџерите играат  клучна улога во сето ова и важно е тие да го разберат сопственото негативно однесување кое ги ‘брка’ вработените.

Тие не даваат поддршка

Луѓето сакаат да чувствуваат дека има кој да им го чува грбот. Тие сакаат да има доверба во нив и идеите кои ги изнесуваат без веднаш да им се даде негативна конотација. Но, токсичните менаџери ги гледаат вработените како потрошен материјал и сметаат дека постојат само да им служат ним.

Тие потценуваат

Полошо од тоа да се нема поддршка е кога манеџерите потценуваат. Не го ценат напорот кој го прави вработениот за подобрување на состојбата во компанијата, туку веднаш го дискредитираат тоа што го кажува.

Не се транспарентни

Токсичните менаџери живеат во тајност и секогаш имаат скриена агенда. Имаат „состанок по состанок“ каде на површина излегуваат нивните вистински ставови и мислења, најчесто во директен контакт за време на состаноците. Задржуваат информации за себе и очекуваат дека и другите го прават тоа.

Се натпреваруваат со вработените

Силните менаџери знаат дека тимот е тој кој го носи успехот. Тие ги охрабруваат и ги мотивираат. Токсичните менаџери гледаат на нив како на закана, а ако можат – ги земаат сите заслуги за себе.

Не го почитуваат времето на вработените

Смеаат дека тоа не е важно и дека нивните вработени треба секој ден да остануваат по работното време за да си ја завршат работата за денот, кој постојано им ја зголемува или отежнува.

Постојано ги ставаат на тест нивните вработени

Никој не сака да оди на лушпи од јајца и да внимава дали ќе скрши некоја. Тоа е демотивирачки. Менаџерите кои критикуваат постојано наместо да подучуваат, влијаат негативно и ги тераат да се повлечат во себе се до моментот додека не дадат отказ.

Постојано менуваат насоки

Флексибилноста е добра работа, но мора да се има ред во работните задачи. Не може постојано да се даваат нови задолженија и насоки, додека тековните кои ги прави вработениот не се завршени. Ако вработениот во моментот побара време да ја заврши веќе почнатата работа, тие сметаат дека дека одбива да работи и тоа му носи негативни поени.

Затоа драги менаџери, внимателно со вашите вработени бидејќи тие се одраз на вашите менаџерски способности.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот