Впечатливи реплики од македонски драми

0

Кога станува збор за книгите и филмовите, сите си имаме по некоја омилена реплика, цитат, реченица, лик… Но, ретко кој од нас чита драмски текстови, а таму може да сретнете многу ликови со инспиративни размисли… Одбравме неколку впечатливи моменти од драмите на Горан Стефановски…

Има помалку души одошто луѓе. Знаете ли тоа? Има повеќе тела одошто души. Па една душа опслужува повеќе тела. Душите се како кучиња. Сакаат да се блиску до господарот. А вам ви е гајле. Ги пуштате да гладуваат, да лутаат неспокојно. (Жив Човек)

Иднината никако да дојде, минатото никако да си отиде, а ние овде глумиме сегашност. (Тетовирани души)

Затоа што сум жив. Вам ви е сеедно. Луѓето копнеат да умрат. Основците копнеат да станат гимназијалци, гимназијалците студенти, студентите да најдат работа, вработените да се оженат, оженетите копнеат по стан и да им пораснат децата за мирно да си се пензионираат, пензионерите копнеат по здравје, а сите копнеат да умрат и мртви копнеат да се родат за пак да се условно живи, во нов расчекор со себе. (Дупло Дно)

И уште нешто од дрмаскиот текст ММЕ Кој прв почна на Дејан Дуковски

drami (1)

– Ти си луд.

– Ти си убава

– Не ми е јасно зошто не ти ги извадам очите со нокти?

– Нема жена без јазик, без спремен одговор.

– Нема жена што би те разбрала.

– Нема жена што не би ме разбрала. Зборувам за љубов.

– Зборуваш за смрт.

– Зборувам за смртна заљубеност.

-Добро. Ми требаш. Ми требаш како добра вест. Како од сабајле цигара. Како ти од сабајле… Како на куче коска. Како на џанки дилер. Како на гробар смрт. Како на свиња леш. Како на војник оружје. Како на дилер со оружје војна.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот