Возете велосипед и на дожд

0

Денешниот дожд нека не биде причина да седите затворени дома, да не се видите со пријателите и да не ја уживате саботата. Ако превозното средство коешто го користите е велосипед, во тој случај не се двоумете. Се што ви треба е дополнитeлна опрема и подготвени сте за тргнување.

Кабаница

karas-9926-640x570

Ова е додаток од суштиско значење кога врне. Набавете од оние кабаници кои ќе и го покријат целото тело и главата за да не накиснете.

Ракавици

original_kate-women-s-button-trim-leather-gloves

Со оглед на тоа дека се уште е зимски месец во тек, кога сте на велосипед и возите низ градските улици, рацете ќе ви страдаат од студенилото кое го имаме денеска. Ставете кожни ракавици кои не пропуштаат вода за да се заштитите.

Гумени чизми

rain-boots-1

Сигурно во глава ви доаѓа слика на  оние стари гумени чизми за по риба, но идејата е друга. Во денешно време има толку модерен избор на гумени чизми што можете да ги комбинирате со секоја облека и да изгледате модерно.

Чадор

DSC_0015-_large

Чадорот нема ва ви биде потребен додека сте на точак, туку ако го паркирате некаде во близина и тргнете до предвиденото место пешки.

Можеби не сме Холандија, но имаме асфалтирани улици по кои може да се вози. Нема зошто денов да се преседи дома кога има толку многу активности да се направат. Сега ви преостанува да се ‘наоружате’ со позитивна енергија и волја за денот кој е во тек. Оваа сабота нека биде ваш ден!

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.