Втора земја во светот со Министерство за среќа

0

Бутан повеќе нема да е единствената земја во светот која има Министерство за среќа. Обединетите Арапски Емирати се приклучуваат на овој план со целосна реорганизација на владата- пишува Њујорк Тајмс.

Премиерот на земјата, Шеикот Мохамед бин Рашид Ал Мактоум, изјави дека земјата ќе формира државно министерство за среќа и дека ќе се води политика што ќе создава задоволство, среќа и општествено добро за народот и земјата.

Шеиците кои владеат со Обединетите Арапски Емирати велат дека отварањето на овие две нови министерстерства – едно за среќа и едно за толеранција, убедливо е најголемата реорганизација на владата во 44 годишната историја на нивната земја. Премиерот најави и основање на национална заедница за млади. Таа заедница ќе бида составена од елитни млади мажи и жени кои ќе ги советуваат младите. Заедницата ќе ја води жена, државна министерка за млади, која ќе има најмногу 22 години.

Овој план беше соопштен и проследен со сите кралски протоколи од страна на владетелот на Обединетите Арапски емирати, а тој на својот твитер профил додаде:
„ Време е за промени и нови достигнувања. Време е да се грижиме повеќе за луѓето и да го замолиме Господ да ни помогне во нашата служба“.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.