Воспитајте го кучето на вистински начин

0

Обично се поставува прашањето „Кога е вистинско време да почне да се воспитува кучето?“ , а одговорот најчесто е ВЕДНАШ!

Штом го донесете дома во семејството, почнете веднаш со воспитување. Всушност не се почнува ништо ново, туку само се продолжува веќе започнатиот процес.

На почетокот е многу важно на кучињата да им бидат поставени, односно дефинирани правилата на однесување. Првата работа на која мора да го научите е што смее, а што не смее да прави. Тоа е моментот кога настапува и првата наредба како „Не тоа“ и означува забрана. За да се олесни процесот на разбирање се се воведува т.н корекциска и апсолутна забрана.

Корекциска забрана: искажете ја забраната за моменталното однесување, како на пример промена на положбата на телото. Обично се вика НЕ. Овој облик се користи кога кучето треба да се научи на некоја некоја наредба која ја означува токму позицијата на телото. Ако на кучето му наредиме да СЕДИ, тоа после некое време легне или стане, тогаш ја кажуваме корекциската забрана и се враќа во првобитната положба.

Апсолутна забрана: изричита забрана за однесување која во ниту една ситуација не е дозволена. Обично најстрога забрана е НЕ. На пример, земање храна од подот, гризење на поводникот, глодање на мебелот и се она кое не сакате да го прави.

Начин на казнување: Апсолутната забрана се казнува кратко, но со остар тон. Ако има нешто во устата, за да го пушти се држи за горниот дел од вратот, се протресува се додека не го пушти предметот. Постапката се повторува неколку пати, се додека не се научи на однесувањето.

Начин на корекција: Забраната обично се применува во процесот на учење на наредбите(положба на тело и некоја активност). Корекцијата или забранатасе кажува во моментот кога кучето ќе погреши, кратко и гласно се вика НЕ и се повторува наредбата која сакаме кучето да ја изврши. Откако правилно ќе ја изврши наредбата, треба да се пофали и да биде наградено.

Веднаш штом ги совлада правилата на однесување во домашен простор, следува нов процес на учење. Овојпат, се учи на положба на тело, обично првата е секогаш СЕДИ. Оваа наредба ја опишува позицијата на тело во која е кучето, се до оној момент додека не сакаме да направи нешто друго или пак додека не го ослободиме од наредбата.

Откако ќе научи да седи подолго време, следниот чекор е да се научи на наредбата ДОЈДИ. Но, пред тоа, потребно е сами себе да си разјасниме што сакаме од него кога ја даваме оваа наредба.

Стандардниот опис на наредбата изгледа вака:

-Кучето во моментот на издавање на наредба доаѓа без разлика што прави(освен ако врши нужда, тогаш не важи)

-Во слободно трчкање по најкраткиот пат доаѓа до поводникот, без дополнително запознавање и обележување на теренот.

-Седи пред поводникот

-Чека следна наредба

Доколку сме стигнале до тоа кучето со еден повик да дојде до нас, во тој случај можеме да заклучиме дека ја научило наредбата ДОЈДИ.

Време да се научи кучето на тоа да не реагира на објекти кои му го одвлекуваат вниманието. Одведете го во прошетка на познат терен, па повикајте да дојде до вас. Потоа однесете го на помалку познат терен и на крај на непознат терен и повторете ја командата. Важно е да запаметите дека не треба да го викате, освен ако не применувате корективна наредба. Во спротивно, тоа ќе научи дека немате секогаш шо да му ‘кажете’, па следниот пат кога ќе го повикате, нема да дојде.

Секогаш бидете внимателни со методите на учење и казнување, никогаш не треба да се претерува. Кучињата се живи суштества со емоции и секогаш треба да бидат опкружени со љубов.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.