Дванаесетте апостоли – волшебни карпи во Австралија

0

Ако некогаш имате можност да ја посетите Австралија, тогаш задолжително треба да ги видите Дванаесетте Апостоли, прекрасните карпи кои се лоцирани кои се наоѓаат на Големиот океански пат во Викторија. Сместени во една дивина недалеку од Мелбурн, тие се една незаборавна глетка на бескрајниот син океан, кој ќе ви го одзема здивот секој  момент додека сте таму.  Можете да одмарате пред карпите, на влажниот песок по калливите стрмни скалила и да уживате во глетката одблизу, на разбрануваниот океан само на еден чекор од вас.

karpi-avstralija (5)

Феноменален поглед на овој пејзаж има и од врвот на гребенот, додека брановите се распрснуваат под вас. Во пошироката област на Националниот парк на Дванаесетте апостоли има делови во кои посетителите можат да пливаат, да сурфаат, да нуркаат и да возат кајак, доколку временските услови дозволуваат. Понекогаш на ова место може да се забележат и фоки кои си играат.

karpi-avstralija (4)

Ова  место е спој од синило и спокој и изгледа како од некоја бајка. Место со прекрасен свеж воздух и инспирација којашто секому му е добредојдена. Поради силните бранови, од дванаесет денес за жал се останати само осум карпи. Дванаесетте Апостоли се дел од Националниот парк Порт Кембел и дефинитивни мора да се видат затоа што се единствени во светот.

karpi-avstralija (2)

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот