Волшебната швајцарска бајка – Цермат

0

Луѓето што ја посетиле Швајцарија велат дека ги поседува едни од најзелените планини во лето и најбелите планини во зима. Само која од сите овие убавини да ја посетите?

Авантуристите велат – нека биде тоа Цермат.

15219371_365284310491995_2340535600160320503_nДо Цермат не можете да стигнете со автомобил. Напротив, автомобилот морате да го оставите во селото кое е оддалечено околу 5 километри од него, а потоа со голема жичница да го поминете последниот дел од патот. Или, можете да одберете да стигнете со воз и да ја впивате убавината на природата по патот.

Цермат е познат по неверојатно убавите ски патеки, но и глетката која се протега дури до врвот Матерхорн, истиот оној кој е инспирација за чоколадото Тоблероне.

winter-at-zermatt-valley-switzerland-3840x2160

Што да правите кога ќе стигнете во Цермат?

Прво, фрлете поглед кон Матерхорн. Планината навистина е симбол на Цермат и на скијачките ресорти по кои е познат надалеку. Локалното население ќе ви каже дека врвот висок 4,478 метри прв го искачил тим британски алпинисти во далечната 1865 година, предводени од двајца Швајцарци.

Денеска искачувањето до врвот е многу полесно, иако не се препорачува ако немате соодветна подготовка и алпинистичка опрема за ваков потфат.

switzerland-zermatt-matterhorn-museum

Ако не сакате да се качувате на планината, а сепак сакате да дознаете повеќе за неа, Швајцарците ќе ви препорачаат да го посетите музејот Матерхорн, каде што ќе можете да погледнете филм снимен 1937 година, за драматичната експедиција на Дер Берг Руфт, но и бројни фотографии и интересни предмети поврзани со планината.

Во сезоната на скијање, која во овој дел од светот започна одамна, Цермат е полн со туристи од целиот свет. Всушност, тука ски сезоната трае цела година, а по потреба се прават вештачки патеки.

Скијачите уживаат во исклучителните ски патеки кои достигнуваат висина и до 3,900 метри. За среќа, до нив се стигнува со жичница, а потоа спуштањето надолу трае и трае.

winter-sports-5

Едно од најголемите ски искуства на Алпите е спуштањето од Теодул до италијанскиот ски ресорт Цервина. И не, нема да ви треба пасош ако решите да се спуштите од оваа страна, а единствениот начин да се вратите назад е со жичница да стигнете до појдовната точка, и потоа да се вратите во Цермат.

Посебно уживање за туристите е патувањето со железница. Возот се движи по пругата низ планините и потребни се околу 45 минути да ја помине дестинацијата од 10 километри за да ве доведе од почетната станица до Цермат.

zermatt-winter_0003_winterabend-romantische-dorfstimmung-mit-kirche1

Всушност, во Цермат можете да правите буквално сè – да пешачите низ швајцарското гратче, да скијате, да се одморите, да седнете во локален паб на час со рум или на кафе со колачиња. Деновите поминати на ова волшебно зимско место ќе бидат денови што ќе ги запомните засекогаш.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.