Волшебна диета не постои, затоа сменете си ги навиките!

0

Брзинските диети ветуваат прекрасно обликувано тело за само неколку дена. А сето тоа е невиден замор. Морате да се вклопите во дневен режим на исхрана, но како за инает, постојано ви се јаде. Се мерите секој час. А резултатите не се толку видливи колку што очекувавте.

Опуштете се! Не мора да биде тешко…

Пред да се впуштите во режимот на некоја од милионите брзи диети, не е на одмет да го научите механизмот на губење на килограмите. Слабеењето може да биде и лесно и тешко, во зависност од тоа дали сте ја донеле вистинската одлука која ќе ја спроведете во склад со функционирањето на вашиот организам. Мора да знаете дека патот до смалувањето на масното ткиво не е гладувањето. Ако на телото му го смалите внесот на калории, тоа реагира со создавање чувство на глад. Еден од најголемите проблеми во целата приказна е внесот на јаглехидрати. И тоа не само едноставни шеќери, туку и скроб, кои ги има во лебот, оризот, тестенините. А токму на тоа се базираат повеќето брзи диети, за разлика од режимот на исхрана кој овозможува долгорочно слабеење и одржување на тежината. Значи, само со правилна исхрана можат да се симнат насобраните килограми.

Само така здраво се губат килограмите

Неопходна е исхрана полна со зеленчук, како што се спанаќ, тиквички, карфиол, кељ, зелка, брокула, домати, краставици, производи кои имаат малку шеќери, а многу витамини и минерали, кои треба да се искомбинираат со белковините и мастите од животинско потекло – јајца, месо, риба, сирење. Во таквата исхрана најчесто се содржи потребната количина витамини, под услов продуктите да се свежи.

auremar_inside_1340794859_640x640

Ако се одлучите за некоја високопротеинска диета, како што е месната диета, морате да знаете дека таквите не се здрави и дека можат да имаат последици по здравјето. При нивното држење се создаваат соединенија кои ја оптоваруваат работата на црниот дроб и бубрезите. Затоа, без оглед на тоа што посакувате да изгледате совршено, не трчајте по диети туку најпрво одредете што е најдобро за вас.

Слабеењето е бизнис кој „врти“ милијарди

Денес многумина „вртат“ милиони, заработувајќи на луѓето со зголемена тежина кои сакаат да ослабат. На тоа заработуваат цели индустрии – производители на лекови и храна, модната индустрија, лекарите, надрилекарите, естетските хирурзи, разните измамници… Од друга страна, пак, конзумирањето храна за човекот претставува посебно задоволство. Ние го јадеме она што го сакаме, без оглед на последиците. Тоа оди дотаму што доведува до зависност од одделни продукти. Обидете се да ја намалите таа зависност, да направите план на исхрана и да се придржувате до тоа. Резултати, секако ќе има.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.