Волонтирањето – чекор кон подобра иднина

0

Волонтирањето е одличен начин да се надградите себеси како личност и да придонесете во креирање на добробит за вашето општество. Замислете само, колку многу би придонеле доколку волонтирате во организации за заштита на човековите права, здруженија кои се грижат за бездомните животни, добротворни организации кои им помогаат на сирмошаните, болните, старите, друштва за заштита на животната средина…

Преку самата работа што ќе ја извршувате ќе стекнете низа способности кои се неопходни и во идната кариера и во секојдневието воопшто. Ќе научите правилно и ефикасно да го распоредувате времето, како да работите во тим, ќе стекнете комуникациски вештини, а можеби ќе откриете и некој нов талент за кој не сте знаеле дека го поседувате. Сето тоа од вас ќе направи подобар човек кој понатаму полесно ќе се снаоѓа со животните предизвици.
Средношколката Симона Велевска, инаку активна волонтерка во повеќе организации го сподели со нас нејзиниот видик за волонтерството:
„Волонтерство е нешто во што влегуваш со цело срце, нешто што кај тебе буди возбуда. Волонтирањето на одреден проект е само волжување на неколку денови и труд во него, а тоа што таму ќе го стекнеш е вложување во целиот твој живот. Најинтересно волонтерско искуство за мене беше она во Фабриката на Дедо Мраз во Битола, место кое изобилуваше со многу топлина, љубов, радост и среќа. Знаеме дека децата се најискрените суштеста што постојат, замислете како е постојано да си опкружен со такви деца. Бесценото. Тие денови беа денови на хуманоста, од една страна се забувавуваш, од друга стана си хуман. После тој проект се здобив со неколку нови пријатели и наполенти батерии. “

volunteer group hands together showing unity

Преку волонтирањето имате неповторлива можност да стекнете многу нови пријателства и контакти. Ќе сретнете луѓе со различно образование, различен социјален статус, од различни националности, и ќе бидете изненадени колку навидум различните луѓе може да си одговараат и да се дружат.
Преку волонтирање во областа во којашто имате образование или која сè уште ја студирате, ќе стекнете бесценето практично искуство. Организациите кои се потпираат на волонтерска работа не ги притискаат волонтерите со високи цели, не ги изложуваат на непотребен стрес, а даваат огромна поддршка и знаење со цел да се исполнат целите на организацијата. Тие се одлично местокаде може да ги поставувате темелите на вашата кариера.
Дваесет и седумгодишната Ана Јовановска раскажува дека токму преку волонтирање, успеала да се надогради професионално, но и да се вработи.
„Додека студирав право, започнав да волонтирам во различни организации за човековите права. Постојано истражував, се надоградував, волонтирав на различни проекти кои вклучуваа бесплатни правни совети за социјално ранливите категории, посетував обуки и конференции на кои ме праќаа од невладините организации. Денес, сум вработена токму во секторот во кој волонтирав и секој ден за мене е нов предизвик во обидот да го направиме светот подобро место за живеење. И денес волонтирам, особено кога сакам да реализрам некој интересен проект, а немам доволно ресурси.“
volonteri (3) (1)
Волонтирањето исто така ви дава можност да го пропатувате светот преку организациите кои ќе ви понудат бесплатна храна и сместување ако се решите да волонтирате кај нив и да се запознаете со многу нови земји, култури и традиции.
Затоа, уште денес размислете како вие може да придонесите за околината околу вас да стане поубава, посреќна, похумана или почиста…

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.