Водич за вашето здравје и диета- Ајурведа и Доши

0

Ајурведата е медицина стара околку 5.000 години со потекло од Индија. Нејзината моќ се базира на природни билки и нивното влијание врз телото и околината. За време на британската колонија ајурведата била забранета а сите здравствени клиники затворени. Кога западната медицина станала повеќе својствена за народот, ајурведата започнала да се смета за медицина на сиромасите.

По независноста на Индија, ајурведата се шири, и станува една од најпознатите и највлијателни гранки во медицината, лекувањето и справувањето со различни болести.
Денешната, модерна ајурведа е распространета во Америка, Индија, Европа и Азија. Голем дел на ајурведски клинички центри се отворени во Америка.

Што е доша?
Доша значи биолошкиот тип или физичка конституција на човековото тело. Индивидуално, секое тело има различна конституција, односно доша. Според ова постојат три вида на доши: Вата, Пита и Кафа. Во зависност од човековата конститиција се одредува типот на дошата. Дошата на телото се одредува со допир на пулсот, односно пулсова дијагностика.

vpk
Она што предизвикува различни болести во телото е дисбалансот на една од трите доши. Ајурведата вели дека секоја личност има елементи од сите три доши но, најчесто една од нив е најсилна и преовладува во организмот. Таа се нарекува главна доша. Често се случува некој да има една главна доша додека пак втората да е исто толку силна колку и првата. Втората главна доша е наречена „саб-доша“. Ретко се случува личноста да ги има подеднакво сите три доши.

Дошите и Универзумот
6923963_f260

Ајурведата го дефинира човековото тело како збир од пет елемнти (индивидуална свест). Земја, вода, воздух, оган и простор. Дошите се состојат токму од овие пет елемнти и го претставуваат псхо-физичкиот изглед на една личноста.
Ајурведата вели дека секое човеково тело е составено од внатрешен и надворешен микро-универзум. Овие пет елементи се особено битни за разбирање на функцијата на телото.

Елементот земја претставува стабилност како и коските, клетките и ткивото. Елементот вода значи промени, затоа имаме течности во нашето тело како крф и лимфа. Елементот вода ги разнесува хранливите состојки а ги исфрла непотребните, ја регулира телесната температура и разнесува хормонални информации.
Елементот оган претставува топлина и енергија што е критично за дијагестирање на храната и мускулната маса. Воздухот е движење, динамичност. Воздушниот простор
е просторот помеѓу се. Ги разликува нештата едно од друго.

Вата конституција

Зборот вата потекнува од „vāyu“ кој на санскрит значи тркало, односно движење. Воздушниот простор и воздухот се елементи кој ја сочинуваат оваа доша Вата, поврзана со нервниот систем. Токму затоа го опфаќа секој дел oд телото, импулсите кои ги движат нервите, мускулите, артериите и секое место каде што има движење на телото.

Карактеристично за оваа доша е светлина, активност, брзина, студ и сува кожа. Луѓето кои се вата конституција се позитивни, имагинативни, аквтивни, учат многу брзо и стекнуваат брзо пријателства. Тие се слаби и високи.
Дисбалансот на оваа доша се одликува со вознемиреност, слабо помнење, несвестици и проблеми со спиење.
Можни се гасови во стомакот и запек, се одликува и со студена и сува кожа, но од друга асоцира животна енергија која го движи телото, прана.

Пита конституција
pitta_lotus2

Овој збор доаѓа од санскитскиот „tap“ што значи толпина. Елементи на пита дошата се оган и вода. Одговорна е за метаболизмот, телесната температура, дијагестивниот систем и мислите.
Пита се одликува со следниве карактеристики: толина, светлина, подвижност и мастење на кожата и косата. Физичкиот изглед на овие личности е со стандардни пропорции. Тие се страствени, поседуваат голема самодоверба, елоквентни се, сакаат предизвици и се карактеризираат со добри лидерски способности. Дисбалансот се одликува со тешко варење на храната, акни, киселини и прекумерно потење. Од друга страна пак, на емоционално ниво може да почувствуваат бес, самокритичност, контрола и деструктивност.

Кафа конституција
kapha_lotus

Името на оваа доша потекнува од санскритскиот збор „ka“, што значи вода и „pha“, што значи развивање/растење. Вода и земја се елементите кои ја сочинуваат оваа доша.
Кафа дошата ги компресира сите клетки, ткива и органи, исто така ја одржува структурата и влажноста на телото.

Карактеристично за оваа конституција е: студ, мастење на кожата и косата, бавност и стабилност. Личностите со оваа доша се склони кон дебелеење и се одликуваат со крупен физички иглед.
Кафа луѓето се лојални, сочувствителни и мирни. Нивниот сон е долг и звучен. Споро учат нови работи но еднаш кога ќе го усвојат тоа знаење не го забораваат. Дисбалансот кај оваа доша предизвикуваа депресија, задржување на вода во телото, вишок килограми, тешко дишење и лесно приврзување, зависност од луѓе.

Како се одредува типот на дошата?
examen_des_pouls

Типот на дошата се одредува со пулсова дијагностика. Искусните ајурведски доктори со допир на пулсот можат да го прочитаат здравствен живот на личноста од раѓање до денес, притоа да немаат било какво знаење за пациентот.


Дали може да ја промениме дошата?

Природната конституција на една личност не може да биде променета. На пример, доколку вашата исхрана е според кафа дошата, а вашата природа е пита дошата, тогаш само би направиле дисбаланс на вашата примарна доша.

Кога сме здрави, генерално и инстинктивно не привлекува храна и активности кој се слични на нашата психо-физичка конситуција (дошата). Од друга страна пак, кога сме болни и кога елементите во телото се во дисбаланс тогаш не привлекува храна која не е природна за функција на телото.

На пример, кога страдаме од студ или од потешка кашлица (поради дислабанс на кафа), тогаш природно ги одбегнуваме оние прозиводи кој се тешки за јадење како на пример мелeчните и масните продукти.

Закажете пулсова дијагностика и донесето го вашето тело во баланс. Здрави, насмеани и полни со животна енергија, прана.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.