Водич како полесно да ги разберете калориите

0

Калориите претстaвуваат мерка за количината на енергија во храната. Познавањето на бројот на калории во нашата храна може да ни помогне да одржиме рамнотежа помеѓу енергетскиот внес и енергијата што ја троши телото. Ова е клучот за одржување на здрава телесна тежина.

Исто како што ја мериме тежината на еден вид храна или хранлив производ , така може да ја мериме и количината на енергија содржана во таа храна, изразена во калории.

Доколку се обидувате да изгубите килограми, препорачливо е да јадете помалку, а да сте активни повеќе. Ако веќе сте ја балансирале исхраната, тогаш јадењето помалку станува приоритет. BMI (Body Mass Index) или индексот на телесна маса е мерка која може да ви покаже дали имате здрава телесна тежина, а може да го проверите на BMI healthy weight calculator.

BMYKJM WOMAN EATING SANDWICH LUNCH
BMYKJM WOMAN EATING SANDWICH LUNCH

Калориите и енергетската рамнотежа

Кога јадеме и пиеме, ние внесуваме енергија (калории) во нашето тело. Тоа ја користи внесената енергија и колку повеќе сме физички активни, трошиме повеќе енергија (калории).Со цел да се одржи здрава телесна тежина, внесот на енергија мора да е еднаков на телесната потрошувачка потребна за извршување на нормалните телесни функции и за изведување на физички активности. Ако постојат денови во кои енергетскиот внес е поголем од потрошувачката, тогаш мора да постојат и денови во кои овој однос е обратно пропорционален – помал внес, а поголема потрошувачка на енергија, со цел да се одржи енергетската рамнотежа во телото.

Броење на калориите

Познавањето на калориската содржина на храната е многу корисно за постигнување или одржување на здрава телесна содржина. Тоа може да ни помогне да го следиме енергетскиот внес преку она што го јадеме или пиеме и да ни овозможи контрола на прекумерното јадење. Калориската содржина на храната е најчесто на пакувањето на секој хранлив производ, обично е поставена на задната страна на производот.

Оваа информација би требало да биде под називот „Енергија“ или „Енергетска вредност“ . Калориската содржина е изразена во “kcal”, тоа е кратенка од килокалорија или “kJ”, кратенка за килоџули. Килокалорија е вообичаена мерка со која се изразува енергетскиот внес; ако еден призовод содржи 1000 калории енергија, тоа на пакувањето ќе биде означено како 1000 kcal. Килоџул е метричка мерка за енергија; се добива кога бројот на калории ќе се помножи со 4.2.

Трошење калории

Количината на калории потребни за извршување одредена активност е различна и зависи од многу фактори, вклучувајќи ја големината и возраста.Колку поенергично изведувате некоја активност, толку повеќе калории ќе потрошите. На пример, брзото одење троши повеќе калории отколку одењето со умерен чекор. Доколку сте „ставиле“ некој килограм повеќе тоа би значело дека внесувате повеќе калории отколку што реално ви се потребни за одржување на нормалните телесни функции и секојднени физички активности.