Вода за детоксикација која мора да ја пробате ова лето

0

Водата за детоксикација е тренд кој во последно време е актуелен бидејќи одлично влијае на здравјето. Го чисти телото од токсини, а вие не само што ќе се чувствувате добро, туку ќе изгледате фантастично.

Вода со ѓумбир

Потребно ќе ви биде вода(секако) и ѓумбир. Само внимавајте да го исечкате на многу мали парчиња или изблендирајте го бидејќи е многу силен на вкус и дозирано употребете го.

Вода со краставица

Вода која влијае антивоспалително и помага за хидрација на телото.

Вода со портокал

Внесете ја потребната доза на витамин Ц на овој начин. Во водата, исцедете портокал и така консумирајте.

Вода со јаболко

Јаболкото е добро за срцето, а ова е идеален начин за внесување ако сте постојано во брзање.

Вода со нане

Ова добро влијае на дигестивниот систем.

Вода со боровинка

Уште еден рецепт богат со витамин Б. Една чаша вода и една рака боровинки. Совршено.

Вода со јагода

Јагодите се полни со антиоксиданти, додадете само босилек и лимон и имате одличен летен пијалак кој ќе ве освежи.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.