Во сопствениот сон…

0

Се будам повторно во сопствениот сон.
Тргнувам по патот
кој ми го насочува срцето.
Талкам низ црните темници,
како дух во глувата доба.
Талкам сама,
затворена во самата себеси.
Се обидувам да ги набљудувам луѓето
што не можат да ме видат од внатре.
Талкам,
барајќи ја личноста од сонот,
створена во моите мисли како слика
која скришно ја гледам
преку сивата пајажина.
Заклучена во сопствената гордост,
која што не сакам да ја погазам
останувам затворена во самата себе си.
Талкам сама низ црнилата,
темниците, пустошот.
Талкам како магла,
која што е секаде околу него,
која што го гледа, ја гледа,
но неможе да ја види,
туку само ја чувствува.
Тоа чувство го тера
да ја урне пајажината,
за да види,
дали може да се најде себе си
затворен таму.
Ја сретнува маглата,
чекори кон неа,
и го подава клучот
од сопствената гордост.
Клучот што ги води заедно
како сенки во темниците,
онаму каде што нема никој,
каде што никој нема да ги види,
ги носи во во светот,
каде што можат да го исполнат
сопствениот сон.

Поезија од Бранкица Анѓелевска

При објавување на  материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар