Во сабота бидете најдобра верзија од себе – “Успех без граници”

0

Во сабота,6 февруари од  9:30 до 15:00 во  Tcc Grand Plaza како дел од програмата Успех без граници на Катерина Ангеловска ќе се одржи работилница под наслов „Биди најдобра верзија од себе“. Станува збор за програма базирана според Принципите за успех по методот на Џек Кенфилд.

Инаку во текот на работилницата ќе се работи на следните теми:

– Како да го промените вашето однесување во однос на настаните кои ви се случуваат, со цел да добиете резултат кој го посакувате;
– Што е тоа на што единствено имаме контрола во животот;
– Како преку отфрлање на сите обвинувања, изговори и жалења да го подобрите вашиот живот;
– Кои “не можам” е потребно да ги исклучите од вашиот живот;
– Како да излезете од “клубот” на луѓе кои не ве подржуваат;
– Моќта на афирмацијата и визуелизацијата;
– Моќта на благодарноста.

Оваа работилница претставува совршено место за откривање и стекнување на нови знаења и техники, кои ќе резултираат со подобрување на личните перформанси, потенцијали и ефикасноста, подигнување на нивото на свесност и вербата во внатрешниот глас.

Пријавувањето трае до утре (3 февруари),а заинтересираните можат да се пријават и резервираат место на следниов линк:

http://goo.gl/forms/nRhC6aQyzc

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.