Во овој хотел летото трае вечно

0

Еклектичното уредување на хотелот Halycon House кој се наоѓа во непосредна близина на австралиската плажа Кабарита, константно привлекува нови посетители и медиуми, кои го прогласија за највозбудлив нов хотел во Австралија.

За уредувањето е ангажирана познатата Австралиска дизајнерка на ентериери, Ана Спиро, која тесно соработувала со дизајнерката Вирџинија Кериџ како би створиле угоден, и пријатен амбиент кој кокетира со естетиката од 60-те години. Секоја соба ја краси различен декор, а добар дел од намештајот е пронајден по саемите за антиквитети низ целиот свет.

Сопственичките на хотелот, сестрите Bickle кои потекнуваат од угледно австралиско семејство, изјавиле дека овој хотел е замислен како место на кое гостите ќе створат спомени и ќе се чувствуваат како дома. И навистина, хотелот е конципиран како една голема куќа за одмор, во која гостите се дружат, поздравуваат на поминување и заедно го посетуваат шармантниот ресторан Paper Daisy.

Иако ресторанот изгледа непретенциозно, како дневна соба украсена со фотографии, шарени перници, гостите можат да се надеваат на врвни гастрономски деликатеси. Кујната ја води Бен Девлин, поранешен вработен кај Рене Реџепи-сопственикот на најдобриот светски ресторан Нома во Копенхаген.

Девлин за гостите подготвува специјалитети од продукти кои се карактеристични за тоа поднебје, а секој гостин наместо чаша шампањско, при доаѓањето му дава сладолед во корнет.

хотел 5

хотел 7

хотел 8

хотел 9

хотел 11

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.