Во овој град платата е 1200 евра, киријата 15 евра, а невработеност речиси и да нема!

0

Маринaлeда е град во Андалузија на југот на Шпанија кој има околу 2700 жители.

Тие се луѓе кои не се плашат да го изразат својот политички став и уверувања. Наместо блескави реклами и брендови, таму плени уличната уметност во облик на графити и муралите со пораки за поддршка на земјите како Куба и Венецуела.

Улиците ги носат имињата на уметници како што се Федерико Гарсија Лорка и Пабло Неруда.

Додека остатокот од Шпанија се бори против домашната олигархија и странските банки кои ја преземаа земјата, одлуките во ова гратче се носат на демократски начин по пат на неделни гласања кои се обично посетени од 300-400 луѓе.

utopija2

До сега се изградени околу 350 куќи, а во наредните две години би требало таа бројка да се зголеми за уште 250.

Просечната месечна плата изнесува 1200 евра, киријата е 15 евра, а со овие пари може да се живее пристоен живот.

Како ви изгледа, привлечно, нели?

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.