Во недела во Драмски театар, премиерно ќе се изведе „Снежана и седумте џуџиња“

0

Во недела во Драмскиот театар премиерно ќе биде изведена претставата „Снежана и седумте џуџиња“, во режија на Димче Николовски. Автор на драматизацијата е Александра Бошкова, музиката е на Димитар Андоновски а костимограф е Лира Грабул. Сценографијата е на Сергеј Светозарев.

Актерската екипа ја сочинуваат Александра Павлова-Снежана, Трајанка Илиева-Велиќ, Калина Наумовска-Кралицата, Златко Митревски-Вештерката, Александар Степанулески-Ловџијата, Капета и Огледало, Димитрија Доксевски-Принцот, Мартин Миновски и Дритон Вејсели-војници, џуџињата ги играат Соња Стамболџиоска, Сања Арсовска, Благица Димитровска, Емилија Мицевска, Бобан Алексовски, Дарко Карбески и Марко Илиќ.

Уметничкиот директор на театарот, Рубенс Муратовски на пресконференцијата изјави дека на 27 март-Светскиот ден на театарот, ќе има две премиери на претставата, од 11.30, и од 13.30 часот.

 

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.