Во најсреќната земја на светот нема корупција, образованието е бесплатно, а луѓето во просек живеат по 80 години

0

Најсреќната држава на светот, според последниот извештај на Обединетите нации, е Норвешка. Првото место и го донесоа следните фактори: довербата на населението кон владата, социјалната поддршка и долгиот живот.

За потребите на Извештајот биле земени и анализирани и некои други фактори како БДП, просечниот животен век и слободата. Според одговорите на своите граѓани, Норвешка е прва од 156 земји кои учествувале во анализата.

Просечниот животен век таму е 80 години, политичката корупција речиси и да не постои, а бруто-домашниот производ е повеќе од 56 500 евра по глава на жител.

Образованието е бесплатно, а оваа земја има најголем процент на писменост на возрасното население споредено на светско ниво.

Стратегијата и грижата за луѓето е видлива во секој чекор. Норвешка е една од најбогатите земји со нафта, пишува Блумберг. Норвежаните решиле паметно да ја искористат оваа предност и дозирано да ја трошат нафтата, да инвестираат во иднина, наместо еднократно да вложуваат во дневни, тековни промени и проблеми.

Овие работи се возможни, благодарение на вербата во политиката на земјата, меѓусебната доверба и заедничка цел. Тоа е карактеристика на нивниот менталитет. Тие се луѓе кои донираа 1 милијарда долари за спас на Амазон, а проблемите со границата со Финска ги решија на тој начин што за 100 годишнината од независноста им подарија „планина“.

Норвешка е пример како треба да се однесува секоја земја во светот, ако сака нејзиниот народ да живее во мир, хармонија и благосостојба.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.